Линкови за пристапност

Ураганот Доријан го истури бесот врз Бахами; на пат кон Флорида


Американскиот центар за урагани потврди дека Доријан загубил од силината, но и натаму останува силна и опасна бура со ветришта од 195 километри на час.

Жителите на Бахамите доживеаја пеколна ноќ од разурнувачката моќ на ураганот Доријан што го зафати северниот дел на островот Гранд Бахами со поројни дождови и силни ветришта.

Метеоролозите очекуваат ураганот кој бавно се движи да го зафати југоисточното крајбрежје на Флорида во текот на денот.


„Се наоѓаме во средиштето на историска трагедија во делови од северните Бахами, изјави премиерот Хуберт Минис. “Нашата мисија сега е со фокус на спасувачки напори, обнова и потрага по преживеани, потврди тој. На прес конференција, тој потврди дека најмалку пет лица се загинати на островот Абако.

Американскиот центар за урагани потврди дека Доријан загубил од силината, но и натаму останува силна и опасна бура со ветришта од 195 километри на час.


Метеоролозите се очекува Доријан да се приближи мошне блиску до источното крајбрежје на Флорида, Џорџија и Јужна Каролина до крајот на денот.

Крајбрежната служба потврди дека Доријан е опасен и жителите сериозно ги сфаќаат предупредувањата да ги напуштат домовите и да најдат засолниште надвор од радиусот на ударот на ураганот.

Крајбрежните градови се очекува да ги зафатат 25 сантиметри дожд, поплави, но на некои места и торнада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG