Ураганот Делта добива моќна силина во масивна бура која се движи кон Карипското море и се очекува да го погоди мексиканскиот полуостров Јукатан во среда претпладне, според американските метеоролози.
Во последниот извештај, американскиот национален Центар за урагани објави дека Делта веќе има ветришта со силина од 175 километри на час, што спаѓа во категоријата на урагани 2.
Центарот за урагани објави дека се очекува Делта да стане ураганот од категорија 3, како што ќе помине во области околу Мексиканскиот залив во среда попладне, и во раните часови од четврток.
Моменталната проектирана патека на ураганот Делта е кон границата меѓу Тексас и Луизијана и кон соседна Флорида.
Метеоролозите наведуваат дека ако Делта стекне статус на силен ураган, ќе биде четврти, што го погодил Мексиканскиот залив годинава.
Претходно, истите региони ги погодија ураганите Хана, Лаура и Сали. Годинава беа регистрирани и тропските бури Марко и Бета.
Facebook Forum