Линкови за пристапност

Хантсман се откажа од трката за Белата куќа


Хантсман се откажа од трката за Белата куќа
Хантсман се откажа од трката за Белата куќа

Својата поддршка ја даде на актуелниот фаворит Мит Ромни

Поранешниот американски амбасадор во Кина, Џон Хантсман, еден од републиканските претенденти за претседателската функција се откажа од трката за Белата куќа. Притоа, тој ја изрази својата поддршка за актуелниот фаворит, гувернерот од Масачусетс, Мит Ромни.

Хантсман се одлучил на ваков чекор откако најновите анкети покажаа мала поддршка за неговата кампања. Овој поранешен гувернер на сојузната држава Јута истакна дека и покрај разликите со Ромни, тој е, како што рече, е „најпоткован“ да му се спротистави на актуелниот претседател Барак Обама.

Освен Мит Ромни, за претседателската номинација од редовите на републиканците и натаму се борат уште четворица кандидати. Тоа се либералниот конгресмен Рон Пол, гувернерот од Тексас Рик Пери, поранешниот сенатор од Пенсилванија, Рик Санторум, и поранешниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич. Наредните прелиминарни партиски избори ќе се одржат во сојузната држава Јужна Каролина.

XS
SM
MD
LG