Одделот за правда ги истражува финансиите на синот на новоизбраниот претседател Џо Бајден, вклучувајќи и некои бизнис-зделки со кинески бизнисмени и други трансакции, пренесе агенцијата Асошиејтед Прес.
Овие наводи беа тема и од тимот на претседателот Трамп и неговите соработници за време на кампањата на Џо Бајден.
Истрагата за евентуално даночно затајување беше лансирана во 2018-та, една година пред поранешниот потпретседател Џо Бајден да ја објави кандидатурата за претседател. Хантер, неговиот син, потврди дека постои истрагата, но оти за неа дознал за прв пат, ден претходно.
„Многу сериозно го земам ова прашање и убеден сум дека по професионалното и објективно разгледување на документите ќе се покаже дека моите даночни обврски се спроведувани професионално, легално, и соодветно“, изјави Хантер во соопштение до јавноста.
Facebook Forum