Линкови за пристапност

Амнести ја обвини Унгарија за нефер третман на барателите на азил


Спроти референдумот в недела, Будимпешта на тапет за кршење на меѓународното право

Според групата за заштита на човекови права, Амнести интернешенел, Унгарија го прекршува меѓународното право со начинот на кој ги третира барателите на азил. Обвинението доаѓа пред одржувањето на референдумот кој е закажан за оваа недела и во кој граѓаните треба да се изјаснат дали земјата да ги прифати задолжителните квоти за бегалци.

Пред референдумот, владата започна со кампања кој ги повикува граѓаните да гласаат против плановите на Европската унија.

Низ улиците на Будимпешта, и другите градови можат да се видат билборди на кои стои дека нападите врз жените се зголемиле по почетокот на бегалската криза и дека мигранти го извеле терористичкиот напад во Париз – без разлика на тоа што повеќето од напаѓачите беа белгиски и француски државјани.

Во летоците испечатени од владата се` повикуваат Унгарците да се спротивстават на бегалските квоти затоа што мигрантите кои дошле во Европа создале т.н. „зони во кои пристапот не е пожелен“.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Унгарци имаат симпатии со ставот на нивната влада.

Унгарија ја затвори границата со Србија и Хрватска пред една година. Од Амнести велат дека многу често мигрантите со сила се враќани во Србија, што е во спротивност со меѓународното право. Прекумерната сила била многу често употребувана, кое вклучува и користење на кучиња. Многу од бегалците, кои аплицирале за азил во Унгарија се соочиле со притвор.

XS
SM
MD
LG