Линкови за пристапност

Ден на човековите права


Уживањето на почитувањето на човековите права важи за секој - независно од националноста, полот, расата или религиозното убедување“, изјави Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч

Светот го одбележува Денот на човековите права, кога во 1948-ма беше усвоена универзалната декларација за човекови права. На 10-ти декември, иконскиот облакодер на Њујорк Емпајр Стејт Билдинг и Кулата Си-Ен во Торонто ќе блеснат во сино во знак на одбележување на мисијата на Хјуман рајтс воч и правдата ширум светот.

„Денеска ја славиме мисијата на Хјман рајтс воч и универзалните вредности коишто ги промовираме. „Во време на растечки страв, заплашувања и интолеранција, важно е да се испрати сигнал дека уживањето на почитувањето на човековите права важи за секој - независно од националноста, полот, расата или религиозното убедување“, изјави Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч.

Овогодишниот ден за човековите права го означува почетокот на кампањата на ОН „ Застани зад нечии права денес“. Тоа ги охрабрува луѓето ширум светот да научат за човековите права, да го кренат гласот кога други се под закана и да ги повикаат лидерите во светот да ги почитуваат човековите права.

Хјуман рајтс воч е независна, меѓународна организација основана во 1978. Над 400 вработени во преку 90 земји во светот неуморно работат да стават крај на кршењето на човековите права преку спроведување темелна и независна истрага и да ги изведат прекршувачите пред лицето на правдата.

Хјуман рајтс воч не прима финансиска поддршка од било која влада.

XS
SM
MD
LG