Линкови за пристапност

Хабл откри најстара досега забележана галаксија


Хабл откри најстара досега забележана галаксија
Хабл откри најстара досега забележана галаксија

Стручњаците се 80% сигурни дека Хабл здогледал компактна галаксија што по големина под 1% од Млечниот пат.

Уште од 1990-та, вселенскиот телескоп Хабл игра улога на уникатна опсерваторија, испраќајќи стотици илјади прикази од вселената. Најновото откритие на телескопот е посебно возбудливо – научниците веруваат дека окото на Хабл здогледало галаксија што е досега најстарата забележана.

Орбитирајќи на 568 километри од земјата, телескопот на НАСА засекогаш ја смени изреката „колку што досега окото човеково“.

Погледнете го најоддалечениот објект во вселената
Благодарение на:

- NASA, ESA, G. Illingworth (University of California, Santa Cruz), R. Bouwens (University of California, Santa Cruz, and Leiden University), and the HUDF09 Team)

- NASA/ESA/G. Bacon, STScI

Гарт Илингворт, професор по астрономија и астрофизичар на Калифорнискиот универзитет Санта Круз е задолжен за истражување на сликите од Хабл. Вели, телескопот најверојатно успеал да го фотографира најстариот и најоддалечен објект досега забележан во вселената – галаксија стара 13,2 милијарди години.

„Појдовме наназад 96% од постоењето на вселената, кога таа била само 4% од својата сегашна возраст, на 500 милиони години по Биг бенг“, вели Илингворт.

Според теоријата Биг бенг, или Големата експлозија, вселената настанала пред 13,7 милијарди години во единечен експлозивен чин, а оттогаш галаксиите надвор од нашиот Млечен пат се оддалечуват од нас, создавајќи се` попроширена вселена.

Научниците со помош на Хабл веќе открија речиси 50 галаксии што датираат 650 милиони години по создавањето на вселената. Но со поставувањето на нова камера на Хабл во мај 2009-та, тие беа во можност да фрлат уште подлабок поглед во вселената – и во нејзиното минато.

„Оваа галаксија што била создадена 500 милиони години по Бинг Бенг на приказите е мошне бледа, полна со изразито сини ѕвезди“ кажа Илингворт на прес-конференција на НАСА.

Стручњаците се 80% сигурни дека Хабл здогледал компактна галаксија што по големина под 1% од Млечниот пат. Светлината од неа патувала 13,2 милијарди години пред да допре до леќите на Хабл.

XS
SM
MD
LG