Линкови за пристапност

Претставничкиот дом гласаше за продолжување на владиното задолжување


Додека гласањата во Конгресот и одобрувањето од Бајден ја надминаа итната финансиска криза за владата, Конгресот, кој е под контрола на демократите и Белата куќа допрва треба да се договорат за усвојување на долгорочното продолжување на задолжувањето, веројатно за до крајот на 2022-ра.

Претставничкиот дом гласаше за продолжување на владиното задолжување до почетокот на декември, што е избегната рецесија следната недела, кога САД би останеле без доволно средства да ги исплаќаат ратите до меѓународните кредитори.

Овој Законодавен дом гласаше за зголемување на постоечкиот долг од 28,4 трилиони долари за уште 480 милијарди долари до 3-ти декември, по одобрувањето усвоено во Сенатот, минатата недела. Легислативата сега оди на потпис кај претседателот Бајден во Белата куќа.

Додека гласањата во Конгресот и одобрувањето од Бајден ја надминаа итната финансиска криза за владата, Конгресот, кој е под контрола на демократите и Белата куќа допрва треба да се договорат за усвојување на долгорочното продолжување на задолжувањето, веројатно за до крајот на 2022-ра.

Лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел обезбеди доволно гласови од сопартијците – Републиканци за да им помогнат на демократите да ја усвојат легислативата за продолжување на задолженоста на кус рок, но најави дека нема повторно да го стори тоа, со оглед на наближувањето на рокот до 3-ти декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG