Линкови за пристапност

Заложничка драма близу Вашингтон


Шефот на полицијата рече дека осомничениот влегол во зградата со експлозивна направа и пиштол, и дека истрелал неколку куршуми

Полицијата јави дека лицето кое држело тројца заложници во просториите на телевизискиот канал Дискавери во преградие на Вашингтон било смртно застрелано. Ниту еден од заложниците не е повреден.

Шефот на локалната полиција Том Мангер рече дека заложниците ја напуштиле зградата откако осомничениот бил убиен во седиштето на Каналот Дискавери во Силвер Спринг, сојузната држава Мериленд.

Шефот на полицијата рече дека осомничениот влегол во зградата со експлозивна направа и пиштол, и дека истрелал неколку куршуми.

Мангер на прес конференција по настанот кажа дека властите истражувале дали неговите две кутии и два торби во зградата имаат експлозивна направа.

Сите тројца заложници биле мажи, а еден од нив работел во обезбедувањето.

Локалните медиуми јавија дека осомничениот, Џејмс Ли, бил автор на листа барања за Каналот Дискавери меѓу кои имало решенија за глобалното затоплување и престанок на програмата за која тој верувал дека промовира пренаселеност, војна и армиска технологија.

XS
SM
MD
LG