Линкови за пристапност

„Патриотски“ во Хонг Конг на кинески начин


По масовните про-демократски протести во 2014-та, од кои изникна, мало, но детерминирано движење за независност, Кина бара начин да го заузди долгогодишниот тренд на млади кои се идентификуваат како жители на Хонг Конг, а не кинески државјани.

Парламентот во Хонг Конг наскоро се очекува да дебатира за усвојување закон со кој жестоко ќе се казнува секој кој не стои, или покажува непочитувањето за време на интерпретирањето на националната химна на Кина. Но, ваквиот закон, не ги побудува патриотските чувства на секој законодавец.

„Тотална субверзија на правниот концепт и кршење на правото на молк“, вели законодавецот Еди Чу Холдик од Хонг Конг. „Не само што не ја навредувате националната химна, туку и` ако ништо не правите, тогаш е престап. Ова е нова политичка логика на активниот патриотизам“.

По масовните про-демократски протести во 2014-та, од кои изникна, мало, но детерминирано движење за независност, Кина бара начин да го заузди долгогодишниот тренд на млади кои се идентификуваат како жители на Хонг Конг, а не кинески државјани.

„Од 2003-та, патриотизмот уште еднаш беше кренат на повисоко ниво, во обид на Пекинг да ги замолчи независните гласови и да ја контролира играта за наметнување моќ“, вели Синг Минг, професор по политички науки при Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг.

Кери Лам, виш функционер во градот Хонг Конг, ја отфрли загриженоста за „барањата“ за лојалност, особено во градот во кој живеат луѓе од сите делови во светот. „Очекуваме, независно, дали сте научник или истражувач или владино лице, како мене, да ја сакате нашата земја и градот Хонг Конг“, изјави пред новинарите во мај.

Градските власти во Одделот за образование, постојано вршат кампања со која ги повикуваат студентите да ја сакаат државата. Таквите мерки, создадоа контра-протести од 100.000 ученици по улиците на Хонг Конг во 2012-та, при што го окарактеризираа владиниот потег како “перење мозок“.

Владата на Хонг Конг не возврати на барањето од Гласот на Америка да ја коментира приказната.

Бенсон Вонг, асистент-професор при Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг, изјави дека неговите истражувачки предлози биле отфрлени зашто биле сметани премногу навредливи за партијата.

Законодавците не можеа да ги избегнат новите патриотски стандарди. Шест пратеници беа сменети од судовите, од 2016-та, откако секој од нив беше обвинет за неправилно положување заклетва. Оттогаш, неколку поборници за демократија беа блокирани да се кандидираат за пратеничко место, со обвинувања дека не го почитувале Основниот закон, или уставот на градот. Ниту еден не успеа да ги преиначи одлуките.

Хонг Конг започна и со забрана на политичари кои изразиле поддршка за независноста, да се кандидираат за државна функција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG