Линкови за пристапност

„Никогаш да не се повтори“ – главна порака од одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот


Потомците на настраданите порачуваат дека Холокаустот е опомена кон што може да води омразата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Потомците на настраданите порачуваат дека Холокаустот е опомена кон што може да води омразата.

На манифестацијата која, поради пандемијата, годинава се одржа онлајн, беше потсетено на злосторството сторено во Концентрационите логори кое треба да остане запаметено за да не се дозволат нови слични ужаси.

Да не се повтори никогаш никаде и никому. Тоа е цивилизациска обврска за сите.
Османи, министер за надворешни работи


„Системското уништување на Евреите во Европа само заради тоа што се Евреи ќе остане врежано во колективната меморија на човештвото. Потребата да се сведочи, не е само обврска на преживеаните, ниту, пак, сведоштвото е само помен за жртвите. Да не се повтори никогаш никаде и никому. Тоа е цивилизациска обврска за сите.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

7144 македонски Евреи, или 98 проценти од вкупната еврејска популација во земјата, во 1943 година завршија во Треблинка еден од логорите на смртта. Потомците на настраданите порачуваат дека Холокаустот е опомена кон што може да води омразата.

Трагедијата на холокаустот станува знак и опомена за тоа каде може да води говорот на омраза и колку малку е потребно да се уништи еден народ и една цела нација
Хелман-Денковска, претседател на Собранието на Еврејската заедница


„Денес сме поблиску до моментот кога холокаустот ќе престане да биде живо сеќавање и ќе стане историја. Следните генерации нема да можат да ја слушнат вистината од оние што го преживеале. Трагедијата на холокаустот станува знак и опомена за тоа каде може да води говорот на омраза и колку малку е потребно да се уништи еден народ и една цела нација.“, изјави Радојка Хелман – Денковска, претседател на Собранието на Еврејската заедница.

Германската амбасадорка предупреди дека и 76 години по ослободувањето на Аушвиц-Биркенау и увидувањето на стравичната вистина, се уште има луѓе во светот кои го негираат Холокаустот.

Се уште, има луѓе кои го негираат Холокаустот, ја фалсификуваат историјата, не ги почитуваат човечките суштества поради нивната боја на кожа, сексуалната ориентација и промовираат говор на омраза и се закануваат и напаѓаат...
Холштајн, Амбасадорка на Германија во Скопје


„Овие денови се сеќаваме на жртвите на Холокаустот и оддаваме почит на преживеаните. Се сеќаваме на предавството на сите цивилизациски вредности. Холокаустот е историска одговорност, што ние Германците ја носиме. Се уште, има луѓе кои го негираат Холокаустот, ја фалсификуваат историјата, не ги почитуваат човечките суштества поради нивната боја на кожа, сексуалната ориентација и промовираат говор на омраза и се закануваат и напаѓаат...“, оцени Анке Холштајн, Амбасадорка на Германија во Скопје.

„Да ги чуваме спомените на нашите сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка“ – порача премиерот Заев.

Само 200 македонски Евреи го преживеаја ужасот во логорите на смртта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG