Веќе со години, музеите ги користат артефактите од филмовите и поп-културата за да привлечат посетители.
На пример, црвените чевли на Дороти од американската филлмска класика „Волшебникот од Оз“ се магнет за публиката во Музејот на американска историја на Смитсонијан. Некои музеи појдоа чекор подалеку - прват поставки за најнови филмови.
Таков е случајот со политичкиот трилер „Арго“ од 2012-та, што освои четири Оскари минатата година. Филмот е базиран на вистинска приказна и сеќавањата на агентот на ЦИА Тони Мендез, кој под закрила на лажна филмска екипа заминал за Техеран за да спаси американски дипломати кои се кријат во канадската амбасада среде немирите на Иранската револуција. „Арго“ е предмет на поставка во Меѓународниот музеј на шпионажата во Вашингтон, каде посетителите може да видат автентични фотографии и документи за операцијата.
Тони Мендез и сопругата Џона се едни од основачите на музејот. „Нивната ескпертиза и ангажманот во ЦИА ја раскажуваат вистинската приказна за операцијата“, вели портпаролот на музејот, Џејсон Верден.
Друга поставка во музејот фрла светло на противниците на славниот филмски лик, Агентот 007. Насловена е „Исклучително зли: 50 години со негативците во филлмовите со Џејмс Бонд“.
„Ги подвлекува сите 23 филмови во последните 50 години, и уште еднаш го премостува јазот меѓу тоа што навистина се случува во реалноста, и тоа што го гледате на Големото платно“, вели Верден.
И музејот на вести „Њузеум“ во Вашингтон кокетира со Холивуд. Изложбата „Водител“ е прв обид на музејот да инкорпорира филм во својата понуда - истоимената комедија од 2004-та, во која актерот Вил Фарел како мачо-водителот Рон Бургунди од ТВ-станица во Сан Диего 1970-тите, доаѓа во судир со колешка. Изложбата беше отворена на крајот на декември минатата година, неколку дена пред премиерата на продолжението на филмот, „Водител 2“.
„Сите посетители прашуваат - каде е изложбата за „Водител“? Слушнав дека имате изложба за Рон Бургунди, покажете ми каде е“, раскажува портпаролот на Њузеумот, Џонатан Томпсон.
Џим Малвени, кој работи во радио-станица во Чикаго, ја посетил изложбата. „Ме изненади што поставиле толку многу детали, реквизити“, вели Малвени. „Уживав, ме наврати на многу смешни моменти од филмот“.
Томпсон анализира дека изложбата фрла светло на поведрата страна на вестите, но истовремено истакнува и едно сериозно прашање: статусот на жените во медиумската индустрија: “Филмот се фокусира на фиктивен водител на вести кој самиот прави да стане еден вид на кловн во редакцијата и секогаш има да каже нешто неубаво за жените. Тоа е приказна што резонира меѓу нас, бидејќи во филмовите „Водител“ има дел вистина - постои дискриминација на жените во новинскиот деск“.
Од музејското внимание на Холивуд корист има и самата Индустрија на соништата.
„На Холивуд му дава друга можност, да го искористи својот материјал преку друга форма на искуство и пред нов вид на публика“, смета Меги Стогнер, професор по филмска уметност на Американскиот универзитет во Вашингтон. „Во кино, доживувањето е - сами пред Големото платно. Во музеј, материјалот е на дофат, ги вклучувате посетителите во приказната зад филмот“, вели Стогнер.