Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Холивуд за минута
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

Холивуд за минута

НБЦ ги прекина врските со Трамп; Мејведер најбогат меѓу познатите личности; Том Круз во продолжение на „Топ ган“

Associated Press. По ТВ-мрежата Унивизион, и НБЦ ги прекина врските со Доналд Трамп, поради контроверзниот коментар на новопечениот републикански претседателски кандидат, обвинувајќи ги имигрантите од Мексико за силување, дрога и криминал во САД. Трамп вели дека порачал на НБЦ дека нема да го смени ставот. ТВ-мрежата, пак, повеќе нема да ги пренесува „Мис САД“ и „Мис Универзум“ коишто се во продукција на Трамп, ниту пак неговото реално ТВ-шоу „Апрентис“

***

Пејачката Кејти Пери
Пејачката Кејти Пери

Боксерот Флојд Мејведер е на чело на листата на најбогати познати личности на магазинот Форбс, со заработени 300 милиони долари. Број два, неговиот противник во рингот Мани Пакиао. На трето место, Кејти Пери: инкасирала 135 милиони поледниве 12 месеци.

***

Том Круз се враќа во „Топ ган“. Сценариото се` уште се разработува, но продолжението на популарниот филм е – потврдено.

***

Актерката Оливија Ман покажува завидна вештина во ракувањето со мечеви. Вежба за улогата во новото продолжение на „Екс-мен – Апокалипса“. Ќе настапи заедно со актерите од претходните филмови во серијата. Премиерата – наредното лето.

А еве што е најново на Ди-ви-ди:

Комедијата „GET HARD“ со Вил Фарел и Кевин Харт...

Ал Пачино во „Дени Колинс“...

и Бен Стилер и Наоми Ватс во комедијата „Додека сме млади“.

XS
SM
MD
LG