Линкови за пристапност

Втора недела конгресни сослушувања во постапката за импичмент на Трамп


Џенифер Вилијамс, виша соработничка на потпретседателот Мајк Пенс, и поручникот Александер Видман, советник за национална безбедност за Украина се закажани да сведочат во утринската сесија.

Американската конгресна комисија за разузнавање денес ќе ги слушне сведочењата на неколку виши лица од областа на националната безбедност кои го слушнале телефонскиот разговор од јули меѓу претседателот на САД Трамп и украинскиот претседател Зеленски.

Џенифер Вилијамс, виша соработничка на потпретседателот Мајк Пенс, и поручникот Александер Видман, советник за национална безбедност за Украина се закажани да сведочат во утринската сесија.

Обајцата изразија загриженост за телефонскиот разговор кој е во средиштето на истрагата за импичмент на претседателот Трамп.

Во попладневната сесија, на распит во комисија за разузнавање се Курт Вокер, поранешен специјален пратеник за Украина и Тим Морисон, кој служеше како виш директор за европски и руски прашања во Советот за национална безбедност, и кој поднесе оставка, минатиот месец.

Претседателот Трамп рече дека сериозно ја разгледува можноста да сведочи во писмена форма пред конгресната комисијата за разузнавање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG