Во конгресната комисија за надворешни работни се одражи сведочење на тема: „Корупцијата – опасност за демократијата во Европа и Евроазија“, Чарлс Давидсон, извршен директор на Институтот Хадсон, Иван Вејвода, заменик – претседател за програми во германскиот Маршалов фонд на САД, и Сергеј Колешников, ко-основач на Петромед.
„Авторитарните режими не веруваат во слободни економски пазари, и напротив, и` даваат поттик на корупцијата. Корупцијата ги поткопува општествата со ерозија на владеењето на правото, непочитување на законите, охрабрува осиромашување на населенитето“, рече Давидсон.
На прашањето – што го дефинира успехот во борбата против корупцијата, Иван Вејвода рече дека корупцијата е присутна во сите општества, па дури и во најдемократските како Шведска, и го спомена примерот на Хелмут Кол, кој важеше за татко на обединувањето на Германија во 90-тите, и кој беше обвинет за корупција во неговата партија, или случајот Енрон, во САД. Според него, важно е нивото на корупција, на кој стадиум е, зашто кај помалку развиените демократски земји е на високо ниво и го глода костурот на државата, потенцираше Вејвода.
Тој се осврна на примерот на Србија во времето на Милошевиќ дека општеството за да може да продолжи да функционира во услови на жестоки санкции од Западот, мора да се насочи кон целосна корупција, како што беше случај во времето на тој режим во таа балканска земја.
Како што кажа, исто како што е случај во сите млади демократии, важно е секојдневно да се негуваат владини институции кои ќе се борат против корупцијата во сите сфери на општеството.
Според Давидсон, успехот против корупцијата е таа да се одржи на одржливо ниво, но и да има менувањето на глобалниот финансиски систем и укинување на превезот на тајност, што им дава прибежиште на моќни луѓе од светот на корупцијата.
Гостинот Колешников, биснисмен од руско потекло, кој сведочеше на руски јазик со помош на преведувач во Конгресот, рече дека има впечаток дека Украинците за разлика од Русите многу послободно го изразуваат мислењето на улица. Според него, тие отворено признаваат дека не веруваат во народните избраници и оти владата е корумпирана, и не гледа брзо сузбивање на тој тренд на чело со актуелниот политички врв.