Линкови за пристапност

Хаваи се подготвува за евентуален нуклеарен напад


Од почетокот на декември, Хаваи ќе го тестира системот со звучни сирени за предупредување од напад, за прв пат од Студената војна во 1980-те, наваму

Во време кога ескалираат тензиите меѓу Северна Кореја и САД, Хаваи се најде во центарот на збиднувањата и се подготвува за нуклеарен напад. Независно дали Пјонгјанг има капацитет за дострел со нуклеарен проектил до овој остров, властите не сакаат да ризикуваат.

Од почетокот на декември, Хаваи ќе го тестира системот со звучни сирени за предупредување од напад, за прв пат од Студената војна во 1980-те, наваму. Оваа сојузна држава го додава овој сигнал на веќе постоечкиот предупредувачки звук за цунами или ураган.

Администраторот на агенцијата за итни ситуации во Хаваи (Хи-ЕМА), Верн Миаги ги минимизираше шансите за таков напад.

„Ако Северна Кореја лансира напад против нас или нашите сојузници, отпадничките акции ќе значат пораз на амбициите на режимот во Пјонгјанг“, изјави тој.

Сепак, Хи-ЕМА ги интензива напорите за едуцирање на 1,4 милиони жители и туристи, како да се подготват за евентуален нуклеарен напад.

„Хаваи е можна цел, зашто ние во Тихиот Океан сме поблизу географски до Северна Кореја, отколку до континенталниот дел на САД“, оцени Миаги. Затоа, оваа сојузна држава, сериозно им пристапува на подготовките.

Ехото од 7-ми декември, 1941-ва

Ветеранот од Втората светска војна Тед Закујама се присетува на воздушните сирени откако Јапонија го бомбардираше Перл Харбур.

„Сирените беа инсталирани насекаде во градот откако почна војната. На радио ни кажуваа кога беше само тест“, наведува Закујама.

Тој денеска е во доцните 90-ти години. „Не верувам дека Северна Кореја ќе изврши напад, би било неразумно да се заканувате врз Јужна Кореја, Јапонија или САД“, вели овој ветеран.

План на маса

Американски официјални лица проценуваат дека нуклеарен проектил на Северна Кореја може да стаса до Хаваи за 20-тина минути. Ќе бидат потребни 5 минути да се определи целта на нападот, и остануваат уште 12-15 минути да се предупреди јавноста.

Администраторот Миаги наведува дека се` уште има погрешни одгласи, кои не треба да се земаат здраво за готово –

„Прво, некои велат дека не треба да се подготвуваме за нуклеарен напад, зашто таков напад воопшто нема да се случи и се губи непотребно време. Напротив, потребни се подготовки - како утре да има нуклеарен напад“, наведува тој.

Второ, погрешна претстава е ако има нуклеарен напад, сите ќе загинат. Тоа не е точно, според денешните закани од ваков вид на оружје, доколку има нуклеарен напад, ќе има многу преживеани, 80 до 90 отсто, коментира Миаги.

Затоа, Миаги од Хи-ЕМА, ги охрабрува сите да имаат план и да знаат каде набрзо да може да се засолнат. Официјални лица препорачуваат доволно храна и вода за преживување за 48 часа, и намерници најмалку за 14 дена, за како што велат – за секој случај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG