Група која себеси се нарекува „Анонимна“, вели дека од Интернет компанија за безбедносни услуги, украла илјадници електронски адреси и информации за кредитни картички користејќи ги за донирање на еден милион долари на хуманитарни организации.
Во порака објавена преку Интернет во неделата, групата наведува дека безбедносната компанија Стратфор не ги имала заштитено информациите на нејзините клиенти, со што станале подложни за кражба.
Меѓу клентите на Стратфорд се Пентагон и Американските воздухопловни сили. „Анонимна“ вели дека користела украдени информации за да испраќа подароци во готовина до различни хуманитарни организации како Црвениот крст и Спас за децата. Групата воедно ветува дека може да предизвика дополнителен хаос со информациите преземани од славни личности.
„Анонимна“ до сега има преземено дговорност за други инциденти на хакерски напади од минатото.