Линкови за пристапност

Контрола на оружјето – на врвот од приоритетите во Претставничкиот дом


Демократското мнозинство во Претставничкиот дом ќе го диктира темпото и содржината на законите за кои ќе се залагаат

Демократското мнозинството во Претставничкиот дом повторно ја оживеа контролата на насилството со оружје, за прв пат во осум години, на распит во Конгресот каде учествуваа роднини на жртви и активистите за поголеми безбедносни мерки со оружјето.

„И покрај очигледната потреба за справување со насилството од оружјето, Конгресот премногу долго не презема никакви чекори“, изјави претседавачот со комисијата за правосудство во Претставничкиот дом Џеролд Надлер.

Дебатата за поголема контрола на оружјето ескалираше кога напаѓач усмрти 17 лица со автоматска пушка на 14 февруари минатата година во Паркланд, Флорида.

Преживеаните од масовното пукање во средното училиште Марјори Стоунмен Даглас протестираа во Вашингтон со барање за поголема заштита од оружјето, што е причина за стотици илјади одземени човечки животи.

Но, во месеци кои што следеа, активистите од „Маршот за нашите животи“, работеа со стотици организации за заштита од оружјето, со локалните заедници, но беа игнорирани на национално ниво.

„Неуморно работам на ширење на мојата платформа, со маргинализираните заедници, зашто нивниот глас е важен како и мојот, и на колегите од Паркланд“, изјави Алаја Истмонд, поранешен студент од Даглас.

Поборниците за заштита од оружјето се надеваат на постриктна контрола на оружјето, и очекуваат усвојување на закон во Претставничкиот дом со оглед дека сега контролата во ова тело е во раце на Демократите.

Поборниците за контрола на оружјето се залагаат и за усвојување на резолуцијата 8, позната како Закон за универзална проверка на лицето кое поседува оружје. Една недела откако ја презедоа контролата во Претставничкиот дом, демократите претставија закон кој што бара проверка на лицето што нарачало оружје.

Речиси сите, 97 проценти од Американците поддржуваат универзална проверка на нарачките за огнено оружје, според истражувањето на Универзитетот Квинипег.

https://poll.qu.edu/national/release-detail?ReleaseID=2521

Иако е можно мерката да биде усвоена во Претставничкиот дом, сликата е поинаква во Сенатот каде мнозинство имаат републиканците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG