Линкови за пристапност

Бегалецот, екс-премиер Груевски, доби казна затвор од една и пол година


Бегалецот, екс-премиер Груевски, доби казна затвор од една и пол година
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Бегалецот, екс-премиер Груевски, доби казна затвор од една и пол година

Процесот траеше 4 години

„Обвинетиот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Трајче Петковски, Игор Бошковски виновни се...“

Виновни се за насилствата во општина Центар во 2013-тата. Бегалецот, екс-премиер Груевски доби казна затвор од една и пол година, а неговиот близок соработник - поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година. И останатите учесници во насилствата добија условни казни – сите се задолжуваат да ја надоместат штетата направена врз општинскиот објект.

Обвинителството не е задоволно од висината на казните – најави жалби.

Не сум задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција. Сметав дека алтернативна мерка условна осуда доаѓа предвид само за осудениот Игор Бошковски, тоа и го кажав во завршниот збор
Фатиме Фетаи


„Не сум задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција. Сметав дека алтернативна мерка условна осуда доаѓа предвид само за осудениот Игор Бошковски, тоа и го кажав во завршниот збор. За другите обвинети сметав и се уште сметам и затоа ќе се жалам дека освен казна затвор не доаѓа предвид друг вид на кривична санкција, изјави Фатиме Фетаи, обвинителка.

Не е задоволна ниту одбраната на дел од обвинетите - адвокатот на Миле Јанакиески, бараше ослободителна пресуда за својот клиент.

Не сме задоволни - ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма
Еленко Миланов


„Не сме задоволни - ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, 100 проценти, со сигурност, дека ќе ја обжалам пресудата.“, истакна Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески.

Процесот траеше 4 години. Обвинителството се откажа од гонење на Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски. Претходно за овој случај вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски за што добија условни казни. „Шамарите во Центар“ беше еден од случаите што ги отвори поранешното СЈО.

XS
SM
MD
LG