Линкови за пристапност

Сервер: „Ми изгледа дека потпретседателот Бајден му отчита лекција на премиерот Груевски“


Аналитичарот од Вашингтон ја анализира кусата средба Бајден - Груевски

По средбата на американскиот потпретседател Џо Бајден и македонскиот премиер Никола Груевски во Вашингтон, аналитичарот и добар познавач на состојбите на Балканот, Даниел Сервер, дава свое толкување на кусото соопштение што според него, алудира на недостиг на вообичаениот пријателски тон, но нема ни отворен непријателски тон. Според него, се работи за момент на затегнатост на односите меѓу две пријателски земји.

Според Сервер, читајќи меѓу редови, премиерот Груевски најверојатно побарал поддршка за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Во кусото соопштение на Белата куќа по средбата, стои дека „двајцата се согласиле за важноста од продолжувањето на спроведувањето на договорот од Пржино, и за преземање на неопходни мерки да се обезбеди одржувањето на веродостојни избори.“

XS
SM
MD
LG