Линкови за пристапност

Мрмотот вели – уште шест недели зима


Денот на мрмотот се одбележува традиционално секој 2-ри февруари во градови и села низ САД и Канада.

Во малиот град Пангсатони, во Пенсилванија, денеска се случи голем настан – мрмотот Фил претскажа уште шест недели зима.

Мрмотот беше извлечен од неговиот дом во стеблото, денеска околу зори. Според традицијата ако Фил си ја види сенката, ако е сончево, ќе има уште шест недели зима во Северна Америка. Ако не, пролетта ќе дојде набрзо.

Денот на мрмотот се одбележува традиционално секој 2-ри февруари во градови и села низ САД и Канада.

Фил од Пангсатони е најпознатиот мрмот-временски прогнозер кој ова го „работи“ од 1887.

Од тогаш Фил претскажал повеќе зима, 102 пати, и само 17 пати – пролет.

XS
SM
MD
LG