Линкови за пристапност

Мрмотот Фил предвиде уште шест недели зима во 2021-ва


Фил предвидувањето го направи во градот Панксутони, Пенсилванија, кога ја виде својата сенка.

Ако индикатор е снежното невреме кое го зафати североисточниот дел на САД, тогаш годинава ќе има уште шест недели зима – предвиде Панксутони Фил, објавија агенциите.

Согласно традицијата, секоја година, на втори февруари мрмотот Фил прогнозира колку ќе трае зимата

Фил предвидувањето го направи во градот Панксутони, Пенсилванија, кога ја виде својата сенка.

Годинешната манифестација во градот Панксутони, Филаделфија, беше виртуелна и пренесувана преку он-лајн стриминг во живо поради пандемијата со коронавирусот.

Фил, за жал, годинава не го прослави 135-от Ден на Мрмотот, со вообичаените илјадниците посетители.

Секоја година во САД, на 2-ри февруари се одбележува „Денот на мрмотот“, кога традиционалното животно од Пенсилванија - мрмотот, познато како „Панксутони Фил“, излегува над земјата, во близина на едно дрво, кое е негов дом. Легендата вели дека ако ја види својата сенка - односно, ако е сончев денот, во Северна Америка ќе има уште шест недели зима. Ако не, пролетта ќе пристигне порано.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG