Линкови за пристапност

Помошта за Грција предизвика различни реакции


Помошта за Грција предизвика различни реакции

Новиот пакет-помош за спас на Грција во висина од 172 милијарди долари наиде на различни реакции кај Грците. Некои на него гледаат како на олеснување, а други изразуваат скептицизам за тоа дали мерката ќе помогне во опоравокот на земјата.

Само неколку часа откако министрите за финансии го усвоија пакетот мерки, демонстранти почнаа да се собираат пред Министерството за труд.

Мерките за штедење се остри, но, како што вели Димитрис Кацикас, ова ќе биде можност за Грција да докаже дека може да ја заживее својата економија со вистинска финансиска помош.

Сепак, одредени аналитичари се скептични. Натали Дојл од Центрот за евроски прашања при Универзитетот Монаш во Австралија, вели дека Германија се согласила на планот само за да остави впечаток дека повторно ја спасува Атина. Но, вели таа, Германија практично го олеснува одвојувањето на Грција од еврозоната.

„Мислам дека сите знаат оти Грција не може да ги надмине должничките проблеми. Не е одржливо. Само е прашање на време“, изјави оваа аналитичарка.

Грчките синдикати кои остро се спротиставија на вториот пакет мерки за помош, веќе за среда најавија нови протести.

XS
SM
MD
LG