Новата влада на Грција денеска поднесе заклетва, два дена откако лидерот на конзервативците Киријакос Мицотакис победи на предвремените избори. Се заложи дека ќе ја направи земјата поотворена кон бизнис, ќе ги намали даноците и ќе олесни драконските услови за трошење од буџетот, претходно договорено со меѓународните кредитори.
Новиот кабинет во Атина е составен од искусни политичари кои биле во претходни влади.
Мицотакис го назначи Христос Стаикурас за министер за финансии. Тој е економист и инженер кои бил дел од претходни влади.
Нов шеф на дипломатијата е Никос Дендиас, претходно на позиции во министерствата за развој, одбрана и јавен ред.
Кредиторите го отфрлија повикот на Мицотакис за олеснување на условите за финансиска помош за Грција. Министрите за финансии од 19 земји коишто го прифатиле еврото се сретнаа во Брисел и објавија дека Грција мора да ги почитува преземените обврски.
Невработеноста и стапката на сиромаштија се голем проблем во земјата. Грчката економија и натаму е под стриктно надгледување од меѓународните кредитори.
Facebook Forum