Линкови за пристапност

Грција го предава олимпискиот оган на Британија


Факелот ќе биде пренесуван 13.000 километри низ земјата пред да стигне на целта во Лондон на 27-ми јули.

Британските претставници велат дека олимпискиот оган за овогодишните Летни игри во Лондон ќе биде пренесен во Британија во петок.

На церемонија во Атина, Грција го предаде олимпискиот факел на британската принцеза, поранешна олимпијка во коњички спорт.

Меѓу британските почесни лица на настанот беше и фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам. Огнот беше запален во Грција пред 10 дена.

На Олимпијадата во Лондон ќе учествуваат спортисти од преку 200 земји.

Олимпискиот факел ќе биде носен низ цела Британија минувајќи речиси 13.000 километри. Крајната дестинација ќе биде олимпискиот стадион во Лондон на 27-ми јули, кога Игрите официјално ќе почнат.

XS
SM
MD
LG