Линкови за пристапност

Британската премиерка во спасувачка мисија за Брегзит


После вчерашното одложување на гласањето во парламентот во Лондон, премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, тргна во преговори за одржување во живот на договорот за Брегзит.

Меј за денеска закажа средби со германската канцеларка Ангела Меркел и со холандскиот премиер, Марк Руте. Тема на разговорите е договорот со кој се одредува начинот на кој Британија би ја напуштила Европската унија.

Процесот за напуштањето на ЕУ се усложни откако Меј донесе одлука да се одложи гласањето во Британскиот парламент. Тоа требаше да биде финален чекор на неколкумесечното преговарање со Брисел на прашањата поврзани со Брегзит.

XS
SM
MD
LG