Линкови за пристапност

Шкотска на референдум за независност во 2014-та?


Шкотска на референдум за независност во 2014-та?
Шкотска на референдум за независност во 2014-та?

Британската влада бара Шкотска веднаш да гласа, главниот шкотски министер сака движењето за независност прво да добие на сила.

Британската влада ги зададе условите под кои Шкотска може да одлучи дали ќе ја прекине вековната уставна поврзаност со Британија. Владата понуди, со одредени услови, да ги отстрани правните пречки за Шкотска да одржи референдум за осамостојување од Британија.

Главниот министер на Шкотска Алекс Салмонд сака да го одложи гласањето се` до доцна во 2014-та, за движењето за независност во Шкотска да добие на сила. Но, британскот премиер Дејвид Камерун ја повика Шкотска да го одржи референдумот што е можно поскоро, за да се избегнат економски проблеми што би можеле да произлезат од долгата дебата. Камерун е против иницијатива за отцепување од Велика Британија, во чии рамки се и Велс и Северна Ирска.

Парламентите на Англија и Шкотска пред повеќе од 300 години гласаа за обединување во едно царство - Велика Британија.

Независноста во 2014-та би се совпаднала со 700-та годишнина од битката на Банокбурн, шкотската победа врз Британците. Салмонд вели дека се работи за чиста коинциденција.

XS
SM
MD
LG