Линкови за пристапност

Планот на Трамп за отварање на владата не помина во Сенатот


Ниту еден од предлозите не може да мине без меѓупартиска поддршка, со оглед дека се неопходни 60 гласа за усвојување на легислативата.

Американскиот сенат денеска гласа за две партиски предлози, еден републикански, еден демократски, за ставање на крај на делумното владино затворање, кое сега е во вториот месец.

Едно од гласањата е за републиканската мерка кое го` вклучува и барањето од 5,7 милијарди долари од претседателот за изградба на ѕидот долж американско – мексиканската граница, плус ограничени имиграциони реформи, во пакет за финансирање на владата до крајот на актуелната фискална година.

Сенатот гласа и за демократскиот предлог за финансирање на владата до 8-ми февруари. Мерката не содржи пари за пограничната безбедност, и` првенствено е насочена кон повторно отворање на федералните агенции и да обезбеди простор за конгресните лидери и Белата куќа да постигнат договор прашањата кои што доведоа до делумно затварање на владата во декември.

Нема оправдување за сенатските републиканци да не ја усвојат легислативата“, изјави спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, алудирајќи на предлогот од демократите.

Ниту еден од предлозите нема да може да мине без меѓупартиска поддршка, со оглед дека се неопходни 60 гласа за усвојување на легислативата. Републиканците имаат благо мнозинство од 53-47.

Претседателот Трамп го повтори ставот дека пограничниот ѕид е неопходен за безбедноста.

Делумното владино затворање погоди 800.000 федералните работници, од кои 420.000 работат без плата. Сите нема да го примат и вториот двонеделен чек, овој петок, ако нема решение во Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG