Линкови за пристапност

Републиканците ќе претстават предлог за отварање на владата во Сенатот, демократите го отфрлаат


Демократите возвраќаат дека ѕидот е скап и неефикасен начин за постигнување на целите и наместо тоа предлагаат 1, 3 милијарди долари за други мерки

Републиканците во Сенатот денесна ќе го претстават предлогот за владините трошоци со кој треба да биде ставен крај на делумното владиното затворање, и кој е на иста линија со предлогот од претседателот Трамп, што тој го нарече „компромисен план“, но демократите велат дека не води никаде.

Најважен политички сегмент од предлогот е 5, 7 милијарди долари за изградба на ѕидот долж американско-мексиканската граница, за што претседателот Трамп уште од почетоците на кампањата го истакнуваше како неопходен за запирање на илегалната имиграција и протокот на дрога преку границата.

Демократите возвраќаат дека ѕидот е скап и неефикасен начин за постигнување на целите и наместо тоа предлагаат 1, 3 милијарди долари за други мерки како зголемување на бројката на имиграциони судии, технологија за надгледување на пограничните минувања.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, планира да закаже гласање уште неделава.

Во замена за прифаќање на предлогот од демократите, претседателот Трамп нуди отстапки коишто се на линија на демократите. На пример, нуди тригодишна заштита на млади имигранти кои дошле во САД како деца по илегален пат, и кои во времето на администрацијата на претседателот Обама беа дел од програмата ДАКА - програмата за одложено пристигнување на децата.

Истото продолжување се однесува и врз лицата коишто имаат заштитен статус од Јужна Америка и африканските држави поради насилства или природни непогоди.

Републиканскиот план ќе надодаде 750 погранични агенти, вклучувајќи и 2000 припадници за одржување на редот и поредокот, како и илјадници возила.

Прописите за децата од Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас ќе бидат уште постриктни. Во предлозите се повикуваат малолетните да аплицираат за азил во еден од неколкуте центри за процесирање во Централна Америка.

Демократите и натаму инсистираат Трамп и републиканците најпрво да ја отворат владата пред да дискутираат за политиката за погранична безбедност и досега не покажуваат никакви знаци на поддршка за предлогот во Сенатот.

Републиканците имаат мнозинство во Сенатот 53-47, но ќе им требаат и демократи за поддршка на легислативата за да стасаат до прагот од 60 гласа, колку што се неопходни за усвојување на еден акт во овој дом на Конгресот.

Делумното владино затворање е во ефект од 22 декември. Од реториката од републикаците и демократите нема изгледи дека се блиску до решение.

Околу 800.000 федерални работници или се дома, принудно, или одат на работа без плата. Најверојатно, нема да го добијат и вториот чек во петок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG