Линкови за пристапност

ЏМ, Форд и Крајслер повторно се креваат на нозе


ЏМ, Форд и Крајслер повторно се креваат на нозе
ЏМ, Форд и Крајслер повторно се креваат на нозе

Најзабележителен исчекор направил Форд. Оттаму, претседателот Обама во август најави дека владата со кредитни гаранции ќе и` помогне на компанијата да извезе повеќе од 200.000 автомобили

Американските автомобилски производители Џенерал моторс, Крајслер и Форд, или Големите 3 од Детроит, како што популарно се нарекуваат, по неколкугодишна криза за прв пат стојат подобро од конкуренцијата, според најновото истражување на агенцијата Ј.Д. Пауер. Тоа е голема разлика од времето кога им требаше владина помош за да не банкротираат.

Најзабележителен исчекор направил Форд. Оттаму, претседателот Обама во август најави дека владата со кредитни гаранции ќе и` помогне на компанијата да извезе повеќе од 200.000 автомобили.

Тие кредитни гаранции ги почувствува и македонскиот иселеник Николче Десковски, кој 15 години работел во компанија за производство на машини и делови за авио и автоиндустријата во Мичиген, а од неодамна со својот партнер отвори приватен бизнис. Се надеваат дека ќе работат профитабилно и во вакви економски времиња. Се занимаваат со дизајнирање на калапи и алати.

„Моите машини прават осовини што се наоѓаат под тркалата на авионот. Тие изведуваат груба обработка на челично парче. Во следната фаза од производстото ги правиме и осигурувачите“, објаснува Десковски.

Минатогодишната владина помош за ЏМ и Крајслер од 60 милијари долари спречи колапс на двата авто-гиганта и нови отпуштања. Сега и нивната ситуација е подобрена.

Првенецот од трите американски производители на автомобили - ЏМ објави дека поголем од вообичаениот број на фабриките останале отворени во текот на летото, кога традиционално привремено запира производството. Во девет фабрики во Мичиген продолжи производстото на популарните модели Бјуик Лакрос и Шевролет Траверс.

И не само дома во САД, туку и во странство се враќа сјајот на американскиот автогиганти. Џенерал Моторс обелодени дека продажбата на кинескиот пазар пораснала за 22 проценти во јули, споредено со истиот период лани.

Па сепак, Детроит и натаму е град на празни улици. Запуштено изгледа центарот на некогашната автомобилска метропола. Животот е во застој. Многу бизниси кои беа поврзани со автомобилскиот сектор се селат во други делови од САД, најчесто во средниот запад. Ќе треба доста време градот да се врати на некогашниот сјај на почетокот на 1970-тите.

XS
SM
MD
LG