Линкови за пристапност

Американски експерти: Изминатата деценија – најтопла, од кога се мери температурата


Делови од Африка, Австралија, Азија, Европа, Јужна Америка имаа рекордни температури во 2019-та.

Изминатите 10 години се најтопли од кога се мери температурата на Земјата. Лани беше втора најтопла година, а НАСА предупреди дека допрва „доаѓаат потопли временски услови“.

НАСА и Националната администрација за океанографија и атмосферско истражување објави дека глобалната температура во измината деценија била 14,7 степени целзиусови, и биле регистрирани 8 од 10 најтопли години досега забележани.

Делови од Африка, Австралија, Азија, Европа, Јужна Америка имаа рекордни температури во 2019-та.

Просечната температура во Алјаска беше над точката на мрзнење, за прв пат од кога се мерат температурите.

Многу научници велат дека нема друго објаснување за рекордните температури од активноста на човекот.

Експерти додаваат дека природни фактори за затоплување на атмосферата, вклучувајќи ги поинтензивните сончеви зраци и климатските варијации – недоволно го објаснуваат долгорочното зголемување на температурата на Земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG