Линкови за пристапност

 
Берзите се враќаат со благ раст по големите загуби поради стравувањата со коронавирусот

Берзите се враќаат со благ раст по големите загуби поради стравувањата со коронавирусот


Јапонскиот индекс Никеи се поврати со скок од 1%, додека берзата во Хонг Конг и во Шангај регистрира раст од 2%.

Берзите во Азија регистрираа профит еден ден откако загриженоста на инвеститорите за ширењето на коронавирусот водеше до масивен пад.

Јапонскиот индекс Никеи се поврати со скок од 1%, додека берзата во Хонг Конг и во Шангај регистрира раст од 2%.

Во САД денеска исто така имаше профит, откако клучни берзи во Њујорк го завршија денот со пад од 7%, а некои азиски финансиски пазари регистрираа пад од 5%, а европските пазари имаа загуба од 8%.

Поради стравувањето од коронавирусот, падна цената сировата нафта на помалку од 24 долари од 34,36 долари по барел. САД, цената на нафтата падна за 25% на 31,13 долари за барел.

Падот на цената на суровата нафта е на најниско ниво од Заливската војна во 1991-ва. Аналитичарите од Голдман Сакс предупредија дека цената на нафтата може да падне и до 20 долари и за барел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG