Ескалирањето на трговската напнатост меѓу САД и Кина што предизвика загуби на американските берзи, и продолжува да има ехо ширум светот во време кога азиските берзи регистрираа голем пад во тргувањето.
Јапонскиот индекс Никеи загуби речиси 135 поени на крајот од последните ден на тргување, додека кинескиот индекс Шангај регистрираше пад од 40 поени и загуби над еден процент.
Австралискиот индекс загуби 162 поени, или над 2 %. Слична слика и во Хонг Конг со загуба од 175 поени, и половина процент.
Вчерашниот пад на берзите во Азија доаѓа неколку часа откако Вол стрит објави најголеми загуби во текот на годинава. Само S&P 500 index загуби 3 проценти, како и Dow Jones, со речиси идентичен пад.
Се почна со одлуката на Пекинг да ја ослабе вредноста на јуанот на најниско ниво во последните 11 години, при што претседателот Трамп жестоко обвини преку Твитер дека Кина манипулира со вредноста на валутата.
Сликата на европските берзи беше различна, зашто во Лондон и во Франкфурт, тргувањето беше позитивно, откако попладнето Кина презема чекори за стабилизирање на валутата.
По неколку часа, американскиот оддел за трговија и официјално ја означи Кина како манипуларот на валутата. Кинеската централна банка, Народната банка на Кина во соопштение ја опиша критиката на Вашингтон како „неконкурентен унилатерализам, што сериозно го поткопува меѓународното право и ќе се одрази врз глобалната економска слика.
Facebook Forum