Линкови за пристапност

Сериозен економски удар од коронавирусот врз глобалната економија


Забавување и на растежот во Кина

Коронавирусот ќе предизвика големо влијание врз економскиот растеж во светот оваа година, објави Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД), при што ја намали прогнозата за растеж на бруто-домашниот производ на 2,4 отсто, што е најниска стапка од финансиската криза во 2008-ма - 2009-та.

Прогнозите се дека ширењето на вирусот ќе опадне, но посериозна пандемија може значително да се одрази врз слободните економии.

Берзите минатата недела регистрираа загуби, во време кога инвеститорите ги замрзнаа инвестициите во време кога се шири коронавирусот, а тоа се одрази врз корпоративните профити.

Во Кина, каде вирусот Ковид-19 се појави во декември, годишниот растеж се очекува да биде 4,9 отсто, што претставува пад од 0,8 проценти од првичните предвидувања на ОЕЦД.

Најмалку 90.000 луѓе се инфицирани во над 60 држави во светот, а повеќе од 3000 луѓе починаа во време кога повеќе влади се борат за локализирање на вирусот.

Споредено со 2003-та, кога се појави вирусот САРС, денес глобалната економија е повеќе меѓусебно поврзана и Кина игра поголема улога во глобалните трговски текови и туризмот.

Италија, Јапонија и Русија имаат пад од 0,4 поени, додека Канада, Франција, Јужна Кореја, Турција и Аргентина ќе регистрираат пад од 0,3 поени.

Намалување на економскиот растеж се проектира и за Индија за 2020-та, и тоа за 1,1 %. Јужна Африка за 0,6%, Австралија и Мекиско за 0,5%.

ОЕЦД ги повика владите да реагираат „брзо и одлучно“ за да го надминат економското забавување со појавата на вирусот и да ги заштитат ранливите социјални групи и бизниси.

Еден од начините е владите да помогнат со бенефиции за невработените кои се наоѓаат на неплатено отсуство поради коронавирусот.

Меѓу другите ризици за глобалната економија, спаѓа и трговската напнатост меѓу САД и Кина, и неизвесноста меѓу ЕУ и Британија во периодот пост-Брегзит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG