За претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, тоа е политичка дивоградба и личен договор на премиерот и шефот на дипломатијата. Според Иванов, станува збор за штетен текст кој е поразителен за Македонија. „Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закони. Нема да потпишам ваков штетен текст на договор“, изјави претседателот.
„Ваквиот штетен договор кој е единствен во историјата на човештвото е недостоинтсвен и неприфатлив. Со него се крши уставот, законите и институциите. Нема да легализирам политички дивоградби. Владата не смогна храброст да изградиме заеднички став и да создадеме консензус. Обвој преговарачки процес се одвиваше нетранспарентно за што сведочи и крајниот резултат. Текстот на договорот е поразителен за Македонија. Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закони. Нема да потпишам ваков штетен текст на договор“, изјави шефот на државата Ѓорѓе Иванов во обраќањето до јавноста.
Facebook Forum