Линкови за пристапност

Не продаваат само колачиња


Не продаваат само колачиња
Не продаваат само колачиња

100 години на Организацијата на девојчиња-извидници во САД; учи на вредности што траат цел живот.

Организацијата на девојчињата-извидници веќе 100 години собира девојчиња околу логорскиот оган, ги учи на животот во природа.

10-годишната Кесиди Ли Брукс е полна со впечатоци: „Се возиме со кану, кампуваме, пееме, правиме разни работи“.

Кесиди добила беџ последниот пат кога кампувала: „Кога кампуваме, добиваме беџови за разни постигнувања – за готвење и чистење, затоа што сами се грижиме за тоа“.

Организацијата не се ограничува само на активности во природа, барем не во 21-оти век. 15-годишната Маниа Гавер вели - им помага на девојчињата во понатамошниот живот и кариерата: „Нуди разни можности за работа. За да добиете извиднички ознаки, треба да интервјуирате лица од различни професии. Тоаотвора можности за волонтирање и дава предност при аплицирање за колеџ“.

Џулиет Гордон Лоу ја основала Организацијата во 1912-та, неколку години откако слични организации за момчиња и девојчиња почнале да функционираат во Англија. Извидништвото е насекаде во светот – членуват над 10 милиони девојчиња од 145 земји.

„Ова е можност да инспирираме нова генерација девојчиња со порака за лидерство; за грижа за соседството, за почитување на другите, на својата држава. Тоа се вредности што ги споделуваме и треба да ги славиме“ вели извршната директорка на Советот на девојчињата-извиднички во главниот град на САД, Лидија Сото-Хартман, по повод 100-годишнината од формирањето.

XS
SM
MD
LG