Американската конгресменка Габриел Гифордс соопшти дека се повлекува од Конгресот, една година откако напаѓач во сојузната држава Аризона, од каде и потекнува, ја застрела во главата. Како причина за повлекувањео конгресменката кажа дека сака да се посвети на опорувањето.
Изјавата на Гифордс беше објавена на Интернет во неделата, а во неа вели дека се чувствува подобро, но дека претстои уште многу работа за комплетно да се опорави. Таа додаде дека заминува од функцијата за доброто на сојузната држава што ја претставува и дека планира во иднина да се врати на служба.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека ќе недостига „нејзиниот ведар лик“ во Вашингтон. Тој подвлече дека Гифордс е израз на „најдоброто“ од јавната служба и ќе остане инспирација за него и за другите околу неа.