Линкови за пристапност

Ковид -19 во светот: Германија се наоѓа во најтешка фаза од пандемијата


„Од економски аспект, е важно не само да се почне процес на вакцинација во една земја индивидуално, туку насекаде во Европа. Само, на тој начин ќе застанеме економски на здрави нозе“, изјави германскиот министер за здравство.

Германскиот министер за здравство Јенс Спан, пред германските законодавци рече дека нацијата е во една од најтешките фази од пандемијата со корона вирусот, со зголемена бројка на новозаразени и оптоварување на здравствениот систем, но оти е почнат процесот на доставување на вакцината.

Спан во Бундестагот ја бранеше одлуката на владата во Берлин да чека две недели за почеток на програмата за вакцинација, што се совпаѓа со остатокот од ЕУ.

Тој истакна дека следењето чекор со остатокот од Европа е „од национален интерес за Германија и нашите жителите“. Според него, политиката за следење на почетокот на вакцинацијата со соседите е најдобар начин да се обезбеди силна економска обнова.

„Од економски аспект, е важно не само да се почне процес на вакцинација во една земја индивидуално, туку насекаде во Европа. Само, на тој начин ќе застанеме економски на здрави нозе“, изјави германскиот министер за здравство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG