Линкови за пристапност

Германија предупреди за можен „втор“, но и „трет бран“ коронавирус


Оваа европска земја е во процес на олеснување некои економски и социјални рестриктивни мерки

Првиот човек на германскиот Институт за контрола на болести оцени дека има пад на бројката на ново заразени со КОВИД-19, но оти „втор“, а најверојатно и „трет“ бран заболени, се на пат.

Лотар Вилер, претседател на Институтот „Роберт Кох“, на виртуелната прес-конференција со новинарите во Берлин рече дека изминатите денови се регистрирани само меѓу 700 до 1600 случаи на ден, и тоа покажува дека стапката на заразени е во надолна линија. Тоа го окарактеризира како „добри вести“.

Природата на вирусот ќе остане во фаза на пандемија, се додека 60% до 70% од популацијата не се зарази“
Вилер, прв човек на германскиот институт за заразни болести


Но, тој предупреди дека природата на вирусот ќе остане во фаза на пандемија, се додека 60% до 70% од популацијата не се зарази.

Затоа, Вилер укажа дека има голема можност дека ќе има втор бран и со тоа се согласува научната јавност.

“Многумина, сметаат дека ќе има и „трет бран“, предупреди тој.

Германија е во процес на олеснување некои економски и социјални рестриктивни мерки, коишто беа воведени во март за контрола на ширењето на коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG