Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија има направено значителен напредок во борбата против коронавирусот, но ситуацијата и натаму е „лесно кршлива“, и оти и натаму треба голема претпазливост.
Таа рече дека има тренд на намалување на заразените со КОВИД-19, но додаде дека моделите покажуваат дека стапката може да се смени во спротивен правец.
Ако продолжат ваквите проекции, можни се одредени олеснувања на ограничувањата, најави Меркел. На некои бизниси ќе им биде дозволено да отворат следната недела, но стриктните мерки за социјално дистанцирање и забрана за јавни собирања и натаму ќе бидат во сила до 3-ти мај.
Facebook Forum