Линкови за пристапност

Балансот на моќ во Сенатот ќе зависи од исходот во Џорџија


Демократите имаат тенко мнозинство во Претставничкиот дом, а републиканците го контролираат Сенатот.

Денеска се гласа во Џорџија. Се бираат две сенатски места, откако ниту еден од кандидатите не освои убедливо мнозинство на изборите во ноември.

Претседателот Доналд Трамп водеше кампања за републиканските кандидати.

„Гласачите во Џорџија ќе одлучат која партија ќе раководи со сите комисии, ќе ги подготвува законите и ќе го контролира секој долар од даноците на граѓаните“, изјави претседателот Трамп.

Двете трки се многу тесни. Актуелната републиканска сенаторка Кели Лефлер се бори против демократскиот кандидат Рафаел Ворнок.

Слично е и со трката меѓу демократскиот кандидат Џон Ософ и сегашниот републикански сенатор Дејвид Пердју.

Демократите имаат тенко мнозинство во Претставничкиот дом, а републиканците го контролираат Сенатот. Резултатите од изборите на 5-ти јануари би можеле да ѝ стават крај на таа контрола.

„Ако демократите успеат да обезбедат две победи, односот меѓу републиканците и демократите ќе биде 50-50“, вели Шери Бебиќ Џефе, политичка аналитичарка.

Демократката Камала Харис, идната потпретседателка на САД, во Сенатот ќе може да пресече при одлучување за легислативата.

Победата во Џорџија на избраниот претседател Џо Бајден во ноември, беше промена од досегашната пракса да се гласа за републикански претседател.

Тоа беше огромна победа за демократите. Повторните избори, на кои демократите веројатно тешко ќе освојат две места, се знак дека Џорџија го отвори патот по кој може да одат и други јужни држави за правење коалиции, вели Рафаел Соненшајн, аналитичар.

Како коалиција од Афроамериканци, белци, Азијати и Латино-Американци во градовите и предградијата.

Но, изборите ќе ги одлучат оние што ќе излезат да гласаат.

Демократите се држат цврсто во однос на традиционалната кампања, одејќи од врата на врата, дури и за време на пандемија, оцени Шери Бебиќ Џефе, политичка аналитичарка.

Републиканците водат во собирање донации. Конечниот резултат од бурните избори се` уште е неизвесен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG