Поранешниот полицаец од Минеаполис Дерек Човин е прогласен за виновен по сите точки од обвинението, кое го обвинува за убиство во случајот со Афро-американецот Џорџ Флојд во мај лани.
Одлуката ја донесе 12-члената порота, на вториот ден од распитот, при што беа разгледни исказите на 45 сведоци, вклучувајчи случајни минувачи, полицајци, експерти.
Поротниците мораа да донесат едногласна одлука за секоја од трите точки на обвинението против Човин - убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност.
Човин, кој се бранеше од слобода, по изрекувањето на пресудата. му беше укината кауцијата и беше одведен во затвор.
Тој се соочува со 12 и пол години затвор, затоа што претходно не е осудуван. Меѓутоа, обвинителсттвото може да побара казна затвор подолга од 40 години, ако судијата Кејхил утврди дека имало „отежнувачки околности“
Групата од 12 поротници - шест белци и шест кои се или Афромериканци или припадници на други малцинство, претходно ги усогласува ставовите кон конечна пресуда.
Властите стравуваат од растечката напнатост во повеќе метрополи, каде има зголемени полициски мерки.
За време на завршните зборови во судницата, обвинителите го обвинија белиот полицаец Човин дека ги убил Флојд, Афроамериканец, со тоа што со колено го притискал врз вратот, повеќе од девет минути, додека го приведувале. Одбраната на Човин се произнесе дека Флојд починал делумно од користење на дрога и оти полицаецот ги користел методите за приведување, согласно полициската обука.
Флојд бил осомничен дека се обидел да плати со лажна банкнота од 20 долари во продавница од соседството.
Екс-полицаецот Човин се изјасни дека не е виновен.
Facebook Forum