Линкови за пристапност

Гејтс во проштална посета на Авганистан


Гејтс во проштална посета на Авганистан
Гејтс во проштална посета на Авганистан

Секретарот за одбрана во заминување е во мисија за охрабрување на американските војници на служба во таа земја

Американскиот секретар за одбрана во заминување Роберт Гејтс е во проштална посета на американскиот војници во Авганистан. Тој во понеделникот замина за базата во провинцијата Пактика, која се граничи со Пакистан.

Претходно ја посети базата Омнах се наоѓа во зафрлен и опасен дел од провинцијата. Секретарот Гејтс кој се пензионира на крајот од месецот го посети јужниот дел од Авганистан во неделата. Во неговите оценки за време на посетите на базите во Кандахар и Хелманд, Гејтс рече дека скорешното повлекување на американски војници од Авганистан ќе почне со единиците за поддршка, а не со борбените сили.

Секретарот за одбрана исто така го предупреди авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дека неговата земја треба да ја зголеми безбедноста и оти потфрлање во таа насока ќе го отежни и ќе го стави под ризик повлекувањето на американските војници.

Командантите од двете бази кои ги посети Гејтс рапортираа дека имаат забележано значителен напредок во подобрување на безбедносната состојба, но оти насилството продолжува.

Во неделата, четворица припадници на НАТО беа убиени во јужен и источен Авганистан.

XS
SM
MD
LG