Линкови за пристапност

Г-7 ја предупреди Русија за армиско распоредување на границата со Украина


Дипломатите кои ги претставуваа САД, Канада, Франција, Германија, Британија, Италија, Јапонија, ја повикаа Москва за „де-ескалација на напнатоста, да се бара дипломатско решение за кризата, и да се почитуваат меѓународните обврски со транспарентноста на армиските активности“.

Групата седум најразвиени економски земји во светот ја предупреди Русија да ја намали ескалацијата со распоредување бројни армиски сили долж границата со Украина или да се соочи со масовни економски последици.

Министрите за надворешни работи на Г-7, на средбата во Ливерпол, Англија, заедно со првиот човек за надворешна политика на ЕУ, објавија заедничко соопштение „во кое изразија заедничка осуда на руското армиско распоредување и агресивната реторика кон Украина“.

Дипломатите кои ги претставуваа САД, Канада, Франција, Германија, Британија, Италија, Јапонија, ја повикаа Москва за „де-ескалација на напнатоста, да се бара дипломатско решение за кризата, и да се почитуваат меѓународните обврски со транспарентноста на армиските активности“.

Американските разузнавачки официјални лица веруваат дека Русија има повеќе од 70.000 војници стационирани на границата со Украина, кои може да се искористат за инвазија врз некогашната советска република на почетокот од 2022-ра, иако рускиот претседател Владимир Путин се верува дека донел одлука за инвазија.

„Било која употреба на сила за промена на границите е стриктно забрането со меѓународните закони“, се вели во соопштението од Г-7, при што е на иста линија со предупредување на Бајден до Путин за време на виртуелниот Самит минатата недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG