Линкови за пристапност

Новата технологија укинува бројни работни места


Како работниците ќе се натпреваруваат со машините во блиска иднина?

Многу од денешните работни места не постоеја пред 10 години. И по една деценија од денес, веројатно новата технологија ќе замени многу работни места кои што постојат денес.

25-годишната Џенаил Чавез била во средовечна криза кога одлучила да се врати во школо. Била опкружена со бучни звуци од чекан и заварување и работела во фабрика. По двегодишно школување во технолошкиот колеџ во Лос Анџелес, Чавез планира да стане главен градежен работник. Како личност која што сака да работи со раце, одбрала професија во која доминира машкиот свет.

„Ми требаше професија која одговара на мојот персоналитет, и зошто тоа да не биде градежништвото“, рече Чавез.

Но, таа знае дека за тоа што се обучува, наскоро може да биде заменето од машини.

„Забележав како со 3-Д печатач се градат куќи. Што ќе се случи со мене?, резигнирано вели Чавез.

„Надградба на вештините е основен сегмент од денешната економија“, вели Лоренс Френк претседател на Технолошкиот колеџ во Лос Анџелес. Тој рече дека работниците треба постојано да учат нови вештини за да можат да се прилагодат на напредната технологија.

Џејкоб Портило е свесен за потребата да се надоградува во професијата. Неодамна завршил програма од која добил обука за дизел-возила, а веќе го усовршил знаењето за системот за сопирачки. „Продолжувам да се адаптирам на потребите на пазарот. Сега имам добро платена работа со камиони“, рече тој.

Некои работни места за кои е неопходно критичко размислување нема да може лесно да се земат од роботи. „Водоинсталатери, електричари, професии за кои треба критичко размислување, и потребни се одлуки, се заштитени“, вели Френк.

Џејн Оутс, претседателска на Working Nation, https://workingnation.com - кампања што им помага на Американците подобро да се прилагодат за идните работни места, наведува дека средните училишта и универзитети во САД не се прилагодуваат на брзината од напредната технологија и студентите се неспремни за пазарот на трудот. „Тие учат за работи кои се надминати“, вели Оутс и сугерира универзитетите треба да развијат партнерство со индустриските професионалци.

„Во 21-то век, секогаш учите и се адаптирате на новото време“, вели Оутс.

По завршување на обуката, Џенаил Чавез рече дека планира да работи неколку години пред да се врати училиште да стекне знаење како да работи со електрична и соларна енергија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG