Линкови за пристапност

Американците поделени за слободата на говор


Според Институт Като, 71 процент од Американците веруваат дека политичката коректност ја замолчила важната дискусија во општеството за социјалните прашања

Мнозинството Американци сметаат дека политичката коректност ја потиснала можноста отворено да се говори за проблемите во нацијата, покажа ново истражување.

Според Институтот Като, 71 процент од Американците веруваат дека политичката коректност ја замолчила важната дискусија во општеството за социјалните прашања. 58 проценти велат дека се плашат да ги споделат политичките убедувања со други. Истражувањето покажа дека оние кои се идентификуваат како демократи, или 53%, не чувствуваат потреба да ги држат приватно политичките погледи. Меѓу републиканците, дури 73 отсто велат дека го прават тоа.

Речиси 6 од 10 Американци веруваат дека на граѓаните треба им биде овозможено да изразат непопуларни мислења во јавноста, дури и ако другите се навредени. Околу 40 проценти велат дека владата треба да преземе мерки да спречи говор на омраза.

Мнозинството Афро-американци - 50 проценти, Латино-Американци, 77 отсто и белци, 87 проценти, се согласуваат дека ќе биде тешко да се спречи говор на омраза, со оглед дека нема поопширен став што се` спаѓа во тоа.

Американците сметаат дека „говорот на омраза е акт на насилство“, но, бројката е различна меѓу Латино-американското население - 72% и белците - 46 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG