Линкови за пристапност

Фридом хаус: Од криза до реформи; повик за јакнење на демократијата во САД


Фридом хаус го следеше постепеното опаѓање на почитувањето на политичките права и граѓански слободи во САД во изминатата деценија.

Во најновиот извештај на Фридом хаус насловен како – „Од криза до реформи; Повик за јакнење на демократијата во САД“ се посочува дека настаните изминатите месеци предизвикаа акутна криза за демократијата во нацијата.

Во извештајот се потсетува дека претседателот во заминување се обиде да ги поништи изборните резултати, неговите насилни симпатизери извршија насилен упад во Конгресот, законодавците не успеаја да го прогласат за виновен за неговите потези, оставајќи го, де факто лидер на неговата партија.

Фридом хаус посочува дека земјата избегнала најлоши можни сценарија. Полицијата, по секоја цена ги заштити законодавците да бидат повредени. Изборните резултатите добија можност да бидат преразгледани по судовите и конечно да бидат потврдени, за да уследи мирољубив трансфер на власта. Но, кризата не се појави одеднаш од навидум здравата политичка слика. Според извештајот, американската демократија се наоѓа во итна состојба на опоравување.

Проблемите кои што водеа кон немилите настани во јануари беа акумулирани со години. Фридом хаус го следеше постепеното опаѓање на почитувањето на политичките права и граѓански слободи во САД во изминатата деценија. Тоа беше одбележано со воведување нови рестрикции за гласањето, застој во гласањето нови легислативни акти во Конгресот, како и растечко политичко влијание на добро финансирани специјални групи за ширење интерес.

Надолниот тренд, се наведува во извештајот на Фридом хаус, се манифестираше изминатите четири години за време на администрацијата на Трамп со недоволна битка против корупцијата, како и дискриминаторските политики спрема имиграцијата и азилантите.

САД и натаму остануваат во категоријата Слободна држава, а Американците и натаму уживаат во поробусен политички систем отколку мнозинството луѓе на глобално ниво.

Но, во извештајот се посочува дека со оглед на глобалната перспектива, ерозијата на американската демократија е очигледна, особено за земја која отсекогаш била инспирацијата за слободата во светот.

Пред една деценија, САД добија 94 од 100 поени во категоријата за Слободата во светот, во годишниот извештај на Фридом хаус за состојбата со политичките права и граѓанските слободи. Тоа ја стави оваа земја во рангот на веќе етаблирани демократии, како Германија и Франција. Денес, САД добија 83 поени од 100 во истата категорија, при што се најдоа во група со новите демократии, како Романија, Хрватска и Панама.
Фридом хаус за рангирањето на степенот на демократија во САД

Пред една деценија, САД добија 94 од 100 поени во категоријата за Слободата во светот, во годишниот извештај на Фридом хаус за состојбата со политичките права и граѓанските слободи. Тоа ја стави оваа земја во рангот на веќе етаблирани демократии, како Германија и Франција.

Денес, наведува Фридом хаус, САД добија 83 поени од 100 во истата категорија, при што се најдоа во група со новите демократии, како Романија, Хрватска и Панама.

Во извештајот се посочува дека додека е потребно оправување на американската демократија во многу области, Фридом хаус приоретизира реформи за јакнење на демократијата по падот последните четири години за време на адмиснитацијата на Трамп.

За главна реформа во нацијата, извештајот посочува содржајни промени за справување со предизвикот со расната неправда, потоа запирање на влијанието на парите во политиката преку јакнење на законите за финансирање на кампањите на партиите.


И конечно, според последните анкетите, огромно мнозинство Американци или повеќе од 70 отсто испитаниците, бараат елиминирање на партиската детерминираност во исцртувањето на легислативните бариери што постојат во Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG