Јавниот транспорт денеска е повторно отворен во Франција, со некои рестрикции во сила, особено за патување.
Иако бројни мерки за социјално дистанцирање, воведени од 17-ти март се укинати, состојбата на терен, повторно ќе се разгледува на почетокот од јуни.
Во меѓувреме, од граѓаните на Франција се бара носење заштитни маски при користење на јавен транспорт, а исто така мора да се обезбеди дека се почитува социјалното дистанцирање.
Но, жителите нема повеќе да пополнуваат формулари за специјални дозволи за да ги напуштат домовите.
На некои бизниси им е дозволено да продолжат со работа од денеска, како мали продавници, берберници и други дејности.
Според статистиката од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД, Франција има 177.000 позитивни случаи на коронавирус, и повеќе од 26.000 починати.
Facebook Forum