Линкови за пристапност

Макрон за протестите: Го прифаќам мојот дел од одговорноста


Францускиот претседател Емануел Макрон во своето прво јавно обраќање до јавноста по повод протестите што ја зафатија земјата, рече дека презема дел од одговорноста за настаните. Макрон се обиде да ги ублажи критиките упатени до него дека повеќе се грижи за богатите, отколку за обичните граѓани.

„Го преземам својот дел од одговорноста. Веројатно ви оставив впечаток дека имам други приоритети, а знам и дека можеби многумина и повредив со моите зборови. Но, вечерва сакам да бидам јасен со вас. Тоа што се борев да го размрдам политичкиот систем, навиките и хипокризијата е зашто силно верувам во нашата земја и ја сакам“, истакна Маркон во говорот.

Сепак, францускиот шеф на државата беше категоричен дека е против насилните протести и рече дека нема оправдување за тие што кршат излози, ограбуваат продавници и ја напаѓаат полицијата.

Макрон прогласи и „вонредна економска и социјална состојба“. Тој претходно ги укина и даноците на горивата што беа повод за избувнување на масовните протести.

XS
SM
MD
LG