Линкови за пристапност

САД може да ја скратат помошта за странство


САД може да ја скратат помошта за странство
САД може да ја скратат помошта за странство

Прашањето за евентуалното кратење на странската помош се очекува да се актуелизира на 15-ти ноември, кога републиканската дебата ќе се фокусира конкретно на оваа тема.

За време на најновата републиканска дебата во Лас Вегас, неколкумина од кандидатите ставија јасно на знаење дека доколку бидат избрани на претседателската функција, ќе се заложат за кратење на помошта наменета за странство.

Гувернерот на Тексас, Рик Пери, вели дека „во САД треба да има вистинска дебата по ова прашање“.

Рон Пол пак, конгресмен од истата сојузна држава, популарен во движењето Ти парти, кое се залага за намалување на обемот на федералната влада, тврди дека дека САД не се во можност да водат бизнис ако во исто време испраќаат помош во други земји.

„Не е дозволено со Устав, да земеме пари од вас и да ги пласираме во одредени земји ширум светот. Според мене, странска помош значи земање на пари од сиромашни луѓе од оваа земја и давање на богатите луѓе во сиромашните змеји“, вели тој.

Поранешниот гувернер на сојузната држава Масачусетс Мит Ромни истакна дека лошата економија во САД ќе значи идно кратење на помошта за странство, доколку тој биде новиот претседател на државата.

„Нема многу смисла да позајмуваме пари од Кинезите за да нудиме хуманитарна помош за друга земја. Може да им дозволиме на Кинезите да го прават тоа“, смета Ромни.

Најновите анкети покажуваат дека Ромни и бизнисменот од Џорџија, Херман Кеин имаат засега најголема поддршка меѓу републиканците.

Критиката за странската помош предизвика остра реакција од група евангелистички свештеници и активисти.

Ричард Чизик е претседател на Новото евангелистичко партнерство за јавно добро. Тој не се согласува со ваквите ставови.

„Сите тие програми всушност се во наш национален интерес и според нас, тие се битни бидејќи ги одразуваат нашите библиски вредности, да се грижиме за другите“, смета тој.

Прашањето за евентуалното кратење на странската помош се очекува да се актуелизира на 15-ти ноември, кога републиканската дебата ќе се фокусира конкретно на оваа тема.

XS
SM
MD
LG